Скандал на „Гудисон Парк“: Патрик Виеира удри навивач на Евертон (видео)

10

Голем скандал ја одбележа прославата на Евертон за обезбедениот опстанок откако еден навивач се обида да го испровоцира гостинскиот стратег Патрик Виеира, па беше удрен од поранешниот капитен на Арсенал.

Стотици фанови го прославуваа триумфот над Кристал Палас со кој „карамелите“ останаа во Премиер-лигата, но ситуацијата излезе од контрола откако еден од нив почна да го провоцира Виеира. Французинот, чиј тим прокоцка предност од 0-2 и загуби со 3-2, веднаш се сврте и го удри провокаторот, по што постоеше опасност од уште поголем инцидент.

Неколку фанови видоа што се случи и веднаш се собраа околу Виеира, но за среќа еден поприсебен навивач успеа да го „извади“ гостинскиот тренер од мешаницата и да го испрати кон соблекувалната…