Скандал: Уставен ги избрка новинарските екипи надвор од зградата

4

Во Уставниот суд во моментов тече средбата помеѓу претседателот на Уставен, Сали Мурати и амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар, но службите од судот на дрзок начин не дозволија никакво присуство на медиумите во зградата.

И покрај инсистирањето да се присуствува и да се земат изјави по завршување на средбата, велат дека изјавите можат да земаат само надвор од објектот.

Инаку, нема информации за каква средба станува збор и зошто евроамбасадорот Жбогар е во судот, иако Уставниот суд во периодов е актуелен по иницијативата за преиспитување на уставноста на поништувањето на помилувањата од поранешниот претседател Иванов.