Скопската Клиника и ГОБ „8 Септември“ подготвени за прием на пациенти од Тетово

59

Во скопскиот клинички центар и во градската болница „8 Септември“ се повикани лекари и медицински персонал и брзо се прават сите подготовки за прием на ковид-пациенти од Тетово каде изгоре модуларната болница, но и за прием на повредени медицински и други лица кои биле во или пред модуларната болница кога огнот брзо почнал да се шири, пишува МКД.мк

Според последните информации, од дома се повикани лекари и друг медицински персонал и се подготуваат одделенија, како и ургентниот центар.

Засега не може да се добие информација колку лица ќе бидат примени од Тетово.