Скопска Апелација ја укина ослободителната пресуда за Тревник за Латас и неговите браќа

11

Скопска апелација ја укина ослободителната пресуда за Драган Павловиќ Латас и неговите браќа Срѓан и Звездан и го врати предметот на повторно судење во Кривичниот суд. Ова за Телма го потврдија официјално од второстепениот суд, но нема повеќе информациии, какви пропусти и грешки констатирале апелационите судии во првостепената пресуда .

Пред речиси една година на 4ти јули, судијката Марија Клетничка Марковска ја објави првостепената пресуда според која тројцата браќа обвинети за бесправно градење на викендички во Зелениково ги ослободи од вина со образложение дека не сториле кривично дело според закон. Наведе и дека дека во 2011 и 2012 додека се граделе викендичките во Зелениково, ниту граѓани пријавиле, ниту инспектори констаритале дека куќите се дивоградби, ниту пак било донесено решение за отстранување на градбата. Потоа објектите добиле и одобренија за градба и биле впишани во Катастарот, објаснуваше судијката .

Овој предмет го водеше СЈО и обвинителката Елизабета Јосифовска, по изрекувањето на пресудата лани најави жалба и рече дека обвинението било основано и со докази. Најпрво треба да се извади одобрение за градење а потоа се почнува со градба, мислам дека и судот констатира дека во одреден период се градело без одобрение. Тоа што не реагирале соодветните институции не е основ за исклучување на кривичната одговорност на обвинетите кои беа во овој процес, изјави тогаш Јосифовска за пресудата на Кривичен.

Правда на македонски начин, вака адвокатката на Павловиќ, Анита Бегова ја коментира одлуката на апелациониот суд кој ја укина ослободителната пресуда.

-Вишиот обвинител на јавната седница во Апелација предложи жалбата на СЈО да се одбие како неоснована бидејки не ни смеело обвинителството да поведе ваква кривична постапка, а предложи пресудата на основниот кривичен суд да се потврди. Јас како бранител се уште немам примено одлука од Апелациониот суд а медиумите веќе ја добиле информацијата дека пресудата е укината. По добивањето на решението од Апелациониот суд, дополнително ќе се произиесам, вели адвокатката Бегова .

Според обвинението за „Тревник“, тројцата браќа започнале да ги градат куќите во втората половина на 2011 а побарале одобренија речиси година ипол подоцна. Против Латас се води уште еден предмет кој го иницираше СЈО „Тотал“ за даночно затајување.