Скопјанка со автомобил влета во зградата на ЕУ

49

Жена и нејзинот совозач со автомобил влетаа во зградата на ЕУ, објави Сител.

Инцидентот се случил вчера околу четири часот наутро кога жената, од засега неразјаснети причини, влетала со автомобил и го скршила надворешното стакло на Канцеларијата на ЕУ во Скопје.

Таа ги поминала барикадите и стигнала до зградата во која се наоѓа Канцеларијата на ЕУ.

Се очекува МВР да соопшти детали за сообраќајката.