Скопјанка со милијарда денари приход, а 2-годишно дете најмлад македонски милионер

16

1 милијарда и 57 милиони денари, односно околу 17 милиони евра годишен бруто-приход пријавила граѓанка од Скопје за 2018 година, со што се најде на врвот на листата на лица кои имале највисоки годишни приходи информираа од Управата за јавни приходи, кои денеска ја презентираа статистиката за највисоките годишни бруто приходи пријавени во Годишната даночна пријава (ГДП) за 2018 -та година.

Меѓу првото и второто место според најголемите приходи има голема разлика од околу 10 милиони евра. Во првите десет се наоѓаат седум граѓани од Скопје и по еден од Тетово, Струмица и Гевгелија.

Интересна е и анализата според возраста, па од УЈП информираа дека најмладото лице кое е пријавено со над милион денари приход е двогодишник, роден во 2018 година кое доходот го остварил по основ на дивиденда. Најмладото лице во групата над 10 милиони денари приход имало 21 година.

На спротивната страна на возрасната анализа, највозрасниот милионер имал 99 години, додека во групата над 10 милиони денари највозрасниот имал 93 години.