Скопје близу 10 000 активни случаи: Пет општини имаат над 1 000

19

Во земјава во моментов се активни 20 866 случаи со ковид-19. Од нив, речиси 10 000 се во Скопје.

Во последните 24 часа во главниот град се регистрирани 321 нов случај, а 290 оздравени, со што моменталната бројка на активни е 9 883.

Пет општини се со над 1 000 заразени. Водат Гази Баба со 1 472 и Аеродром со 1 424, а по нив се Кисела Вода со 1 204, Карпош со 1 192 и Центар со 1 188 активни случаи во моментов.

Во останатите општини во скопскиот регион состојбата е следна:

Ѓорче Петров – 827

Чаир – 623

Бутел – 551

Илинден – 245

Шуто Оризари – 183

Сарај – 152

Петровец – 125

Чучер Сандево – 104

Зелениково-73

Сопиште – 63

Студеничани – 52

Арачиново-34

Во Скопје има и 173 странци позитивни на вирусот, а 197 случаи сè уште не се распоредени по општини со оглед дека не се завршени епидемиолошките анкети.