Скопје повторно во топ 10 најзагадени градови во светот

4

 

Скопјани и утринава дишат загаден воздух кој е опасен по здравјето. Според платформата „Ај-кју-ер“, метрополата утринава се наоѓа на деветтото место на листата најзагадени градови во светот. Со индекс на загаденост на воздухот од 166, пред Скопје единствено се наоѓаат градови од Кина, Индија, Пакистан, Бангладеш и Гана.

Официјалните мерни станици на Министерството за животна средина веќе неколку дена не собираат податоци за загадувањето низ Скопје.

На сила се препораките за ослободување од работа на критично загрозените популации граѓани, реорганизација на работното време на лицата кои работат на отворено.

Од вчера бесплатен е  јавниот  превоз се` до завршување на алармантната состојба.