Скоро 60 проценти од починатите од Ковид-19 во Британија биле лица со инвалидност

11

Од вкупниот број смртни случаи од коронавирус во Велика Британија, скоро 60 проценти биле лица со инвалидност, објави Националната агенција за статистика.

„Од 50.888 починати од почетокот на пандемијата до крајот на ноември минатата година, 30.296 се лица со попреченост“, се наведува во соопштението, пренесува Би-Би-Си.

Се посочува дека ризикот од смрт бил до трипати поголем кај луѓето со повисок степен на попреченост.

Националната агенција за статистика изјави дека лицата со инвалидност претставуваат 17,2 проценти од вкупниот број на заразени, но дури 60 проценти од починатите.