Скратен повратот на ДДВ: До УЈП нема тужби, пресметката останува

52

Граѓаните се жалат на фејсбук и до медиумите, ама никој до сега не пуштил реакција до Управата за јавни приходи, а откако беше сменета пресметката за повратот на ДДВ. Со измените некои граѓани изгубија по неколку стотици денари од претходното тримесечје односно за месеците април мај и јуни, затоа што промената важи до 12 јуни. Од Управата за Фактор велат дека нема реакции и нема тужби иако беа најавени. Велат дека Уредбата со промената ја донела Владата и согласно таа уредба новата пресметка важи и за јуни односно од 12 јуни. Не се планира надоместување на парите.

Согласно промените и Уредбата враќањето на делот од данокот на додадена вредност пресметан на прометот на македонски добра се врши во висина од 20 проценти, а за останатите добра и услуги се врши во висина од 10 проценти од пресметаниот данок на додадена вредност искажан во поединечната фискална сметка .

Од УЈП велат дека со оваа уредба се поттикнува потрошувачката на македонски добра и услуги, а дека Управата само ја прилагодила апликацијата МојДДВ.

„До Управата за јавни приходипо повод новата пресметка за враќање на делот од данокот на додадена вредност за македонски производи 20 проценти односно 10 проценти за останати производи не се пристигнати реакции ниту пак тужби, велат од УЈП за Фактор.

Граѓани се жалат дека им се скратени пари.