СКРШЕНИ СТАКЛА, ШОФЕРШАЈБНИ Вандали оштетиле околу 20 возила во катна гаража спроти „Буњаковец“

1

Утринава околу 20 возила се уништени во катната гаража која се наоѓа позади трговскиот центар „Буњаковец“.

Според информациите автомобилите во катната гаража се со скршени стакла, скршени предни и задни шофершајбни, уништени врати…

Од Министерството за внатрешни работи за Плусинфо го потврдија случајот, велат дека работат на расчистување на истиот и дека во моментов немаат информации која е причината за овој вандалски чин.

– На 22.07 во 07.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во катна гаража во близина на трговски центар на подрачјето на Центар имало оштетено неколку возила. На лице место излезени полициски службеници и се работи на расчистување на случајот – велат од МВР за Плусинфо.