Славење низ улиците на Никшиќ, падна партијата на Ѓукановиќ по две децении во локалната власт

8

Челниците на коалицијата „За иднината на Никшиќ“ и „Мирот е наша нација“ синоќа прогласија изборна победа во Никшиќ, најавувајќи крај на дводецениската власт на Демократската партија на социјалистите на Мило Ѓукановиќ во неговиот роден град.

Приврзаниците на коалиците собрани околу Демократскиот фронт и Демократите ја прославија победата на улиците, со масовно кршење на епидемиолошките мерки.

Споредувајќи ги апсолутните бројки, очигледно е дека коалцијата „Европски тим за Никшиќ“ која ја сочинуваат Демкратската партија на социјалистите, Социјалдемократите, Либералната партија и Патриотско-комитскиот сојуз освоија речиси 300 гласови помалку отколку на парламентарните избори во август 2020.

ДПС и СД во август збирно имаа 19.590 гласови, а вчера гласаа 19.294 гласачи. Тоа се дури 4.000 гласови помалку отколку што двете партии збирно освоија на претходните локални избори кои тогашната опозиција ги бојкотираше.

Помалку гласови имаше и коалцијата „За иднината на Никшиќ“ која со 18.048 гласови падна на 12.392 – 5.656 гласови помалку отколку во август, како и СДП кој со 1.424 падна на 1.269 гласови.

Незначително порасна коалицијата „Црно на бело“ со 1.992 гласа на 2.138 додека најмногу причини за задоволство имаат во коалицијата „Мирот е наша нација“ со речиси 4.200 гласови повеќе отколку пред шест ипол месеци.

Податоците на ЦЕМИ покажуваат дека важечки гласови имало околу 500 помалку во однос на изборите во август.

Коалицијата „За иднината на Никшиќ“ чиј носител е Марко Ковачевиќ (ДФ), прогласи победа по 21 часот и најави можност за постизборна коалиција со листата „Мирот е наша нација“ која ја предводи Момо Копривица (Демокатите). Не е исклучени ниту поширока коалција.

Според податоците на СЕМИ коалицијата која ја предводи ДПС „Европски тим за Никшиќ“ врз основа на 100 отсто обработени гласови, освои 18 мандати, коалицијата „За иднината на Никшиќ“, 11, „Мирот е наша нација“ 10, „Црно на бело“ и Народното движење по еден.

СДП остана под цензусот од 2,7 отсто од гласовите.

Шефот на изборниот штаб на коалицијата „За иднината на Никшиќ“ Андрија Мандиќ рече дека ова е нивна голема победа и дека Ѓукановиќ е поразен по 20 години власт.

„Тоа е голема победа која ги надминува сите очекувања кои ги имаше ДПС и луѓето од организираниот криминал, зошто веруваа дека ќе победат. Можеме со листата на премиерот Здравко Кривокапиќ и претседателот на собранието Алекса Бечиќ да формираме локална власт“, рече Мандиќ во штабот на коалицијата.

Истакна дека не бегаат од поширока коалицијата и дека веројатно се стекнати услови носителот на листата „За иднината на Никшиќ“ Марко Ковачевиќ да биде градоначалник.

Ковачевиќ рече дека оваа победа е само мал дел од борбата која се води против ДПС веќе 30 години.

„Чест ми е што бев на чело на оваа коалиција и јас од овие луѓе нема да се одречам никогаш. Тие се јадрото на опозициската борба“, рече Ковачевиќ.

Копривица ја честиташе победата и ослободивањето на Никшиќ и потврдата на резултатите од парламентарните избори одржани на 30 август, кога ДПС ја изгуби власта.