Славчо Попоски: Доаѓа ново големо невреме, претпазливост поради можни штети

0

– Продолжува нестабилната временска состојба во Македонија, денес попладне и навечер, како и во следните денови, ќе има ново локално и ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд кој може да услови локални поплавувања, силен ветер, силни електрични празнења и спојава на град, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Тој нагласува дека најголем дел од оваа недела продолжува многу нестабилното време.

– Температурите ќе бидат значително пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 30 степени.
Невреме е можно и во Скопскиот регион.

Метеопрогозерот препорачува крајна претпазливост во случај на појава на НЕВРЕМЕ бидејќи се можни нови штети.