„Слободен печат“ дознава кои ќе бидат новите членови на ДИК?

76

Денеска пратениците за првпат во новата година ќе се фатат за работа. Ќе ги избираат членовите на Државната изборна комисија и на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Претходно Комисијата за избори и именувања ќе ја утврди листата на кандидати.

Партиите си ги поделија местата во ДИК и се уште неофицијално на листата на кандидати за членови на ДИК од редовите на СДСМ ќе се најдат, двајца членови со долгогодишно искуство во ДИК Борис Кондарко и Јанакие Витановски и и како трет член поранешниот заменик министер за правда, Оливер Ристевски.

Од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на листата се Александар Даштевски и Бобан Стојановски, од Алијансата за Албанците Кренар Лога и од ДУИ Дитмире Шеху.

Меѓу првите задачи на новата Државна изборна комисија е да го спроведат изборот на членови на 80 Општински изборни комисии и на 3.480 Избирачки одбори, бидејќи мандатот им е истечен.

Од ДИК за „Слободен печат“ велат сепак најголема задача ќе им биде да ги спроведат локалните избори кои најверојатно ќе се одржат во првата половина на октомври. Неофицијално додаваат дека очекуваат да видат и дали партиите ќе се договорат за новиот изборен модел, една изборна единица и отворени листи.