Словачкиот министер за надворешни работи во посета на земјава

3

Словачкиот министер за надворешни работи, Иван Корчок,кој е во посета на Mакедонија вели дека се надева оти членките на ЕУ ќе постигнат консензус за преговарачката рамка за време на португалското претседателство со Унијата.

Поддршка на Словачка е посебно значајна за нас во овие комплексни моменти кога еу не успеа да постигне консензус за нашиот напредок, изјави денеска на прес конференција македонскиот шеф на дипломатијата Бујар Османи, по средбата со неговиот словачки колега.

Османи информираше дека владата го прифатила предлогот за отворање македонска амбасада во Братислава, но не само како симболика, туку како суштински придонес и засилување на нашето пријателство.

Покрај средбата во министерството за надворешни работи, корчок ќе се сретне и со претседателот на државата Стево Пендаровски и со премиерот Зоран Заев.