Словенија се ближи до врвот на епидемијата, експертите предупредуваат: Едвај избегнавме италијанско сценарио

Епдемиолог од Копер и експерт од националниот Институт за јавно здравје, Милан Крек предупреди на важноста на одржување на социјална дистанца како главен начин за смирување на епидемијата.

19

Словенски епидемиолошки експерти сметаат дека државата се приближува до врвот на епидемиајта и дека се ќе биде појасно до крајот на месецот, притоа оценувајќи дека Словенија за малку избегнала италијанско сценарио.

Словенските експерти оценуваат дека земјата се ближи до клучната фаза на епидемијата, па се надеваат на појасна слика за нејзиниот развој и смирување на бројот на новозаболени до крајот на овој месец, рекол денес на конференција за новинари портпаролот на владата за коронакризата Јелко Кацин.

Епдемиолог од Копер и експерт од националниот Институт за јавно здравје, Милан Крек предупреди на важноста на одржување на социјална дистанца како главен начин за смирување на епидемијата.

„Вирусот нема ниту нозе, ниту крила“

„Вирусот нема ниту нозе, ниту крила, можат да го шират само луѓето, се зависи од нас и одговорното однесување на сите“, рече Крек на пресконференција за медиумите.

Тој предупреди дека постои пресметка според која во Словенија, за време на тримесечно траење на епидемијата, без воведување на рестрикциите кои сега се на сила, би биле заразени 480.000 луѓе, што е речиси четвртина од популацијата, а би имало 90.000 мртви на врвот на епидемијата, што со рестрикциите се избегнало.

„Рестрикциите сега делуваат, помалку има социјални контакти“, рекол Крек, додавајќи дека Словенија била „на момент пред италијанско сценарио“, но тоа го избегнала.

Според неговите зборови, од однесувањето на граѓаните зависи дали бројот на новозаразени ќе остане на сегашното ниво и ќе се смирува, или пак спротивно, според негативното сценарио, кривата пак би можела да иде нагоре и да произведе многу полоша состојба, со десетици илјади заразени. Во Словенија, слично како и во Италија, на почетокот на епидемијата вирусот во значителна мера се рашири по болниците, но земјата успеала да го стави тоа под контрола. Посебен проблем во Словенија е раниот влез на вирусот во домовите за стари лица, кои се најпогодени од заразата.

Во Словенија вчера со тестирање биле потврдени 24 нови случаи на зараза со Ковид-19, направени се 489 додатни тестирања, а бројот на починати е зголемен за две лица, па сега има 30 вкупно, објави денеска словенската влада додавајќи дека вкупниот број на заразени изнесува 1.021.