Словенците избраа: Врањеш е наследникот на Вујовиќ

15

Поранешниот тренер на Фленсбург и Веспрем, Љубомир Врањеш, е нов селектор на ракометната репрезентација на Словенија, беше објавено на денешната прес-конференција во Љубљана. Словенците пред десетина дена му врачија отказ на Веселин Вујовиќ, во изминатиот период разговараа со неколку тренери, за на крајот на Врањеш да му ја врачат селекторската палка на помалку од еден месец до почетокот на ЕП 2020.

Овој 46-годишен стручњак моментно е тренер на шведскиот Кристијанштад, но добил зелено светло паралелно да ги извршува двете функции. Поранешниот словенечки репрезентативец, Урош Зорман, кој беше поврзуван и како селектор, ќе ја има улогата на прв асистент на Врањеш.

Словенија e дел од групата Ф од претстојниот европски шампионат, каде за ривали ќе ги има Шведска, Полска и Швајцарија.