Смртоносен кокаин убива луѓе во Аргентина – починаа најмалку 16 лица

11

Најмалку 16 лица загинаа во Аргентина, а десетици се хоспитализирани откако конзумирале кокаин за кој постои сомневање дека содржи отровна супстанца, соопштија властите во провинцијата Буенос Аирес.

Првично беше објавено дека од овој кокаин загинале 12 лица, а 50 се хоспитализирани, но портпаролот на покраинскиот министер за безбедност Серџо Берни објави ажуриран список од 16 загинати.

Потврдено е дека безбедносните сили во провинцијата Буенос Аирес уапсиле лица осомничени за продажба на дрога, откако вчера се случија првите смртни случаи.

Локалните медиуми објавија дека нарко-бандите најверојатно мешале кокаин со токсична супстанција со цел да ги намалат трошоците во конфликтот со ривалските криминални групи.

Портпаролот на владата најави и дека се чекаат резултатите од лабораториските анализи и наодите од истрагата за уапсените, пренесе Ројтерс.