Смртоносниот вирус се појави и во Велика Британија

6

Потврдено е дека две лица во Велика Британија се заразени со коронавирус, соопшти Националната здравствена служба на Велика Британија.

Двајцата заразени се членови на истото семејство и се под медицински надзор.

Агенцијата за јавно здравје на Англија не достави дополнителни информации за идентитетот на заразените или болницата во која се сместени, јавува Би-би-си.