Смртта на академик Старделов претставува голема и ненадоместлива загуба

19

Големо и ненадоместлива е загубата со заминувањето на академик Георги Старделов, столбот на македонската филозофска мисла и науката за убавото, кој остави грандиозно дело зад себе, забележа претседателот на МАНУ на ова тажно собрание на највисоката научна институција во чест на академик Старделов.

Професор Старделов и како филозоф и како естетичар, како филозоф на културата, врвен херменевтичар токму во зборовите, во нивните значења и во нивната дејствителност ја наоѓаше смислата на својата неуморна научна и општествена дејност, истакна професорот Џепаровски.

Старделов беше и ќе остане засекогаш другиот глас на писателите чиишто дела ги толкуваше.

Беше добар слушател на гласот на писателите, на она што тие го кажуваат, што му овозможи да биде извонреден толкувач на кажаното, додаде академик Ќулавкова.

Делата на академик Старделов се преведени на повеќе странски јазици. Заминувањето на академик Георги Старделов, чијшто виспрен и прониклив дух со децении ја унапредуваше филозофско-естетичката, книжевно-научната и културолошката мисла во нашата средина, е непроценлива загуба за нашата академска и културна средина, се наведува во соопштението на Институтот за македонска литература.