Собир на ВМРО-ДПМНЕ во „Јане Сандански“ : Правда, Принципи, Промени, Победа за Обнова на Македонија!

16

Драги браќа и сестри,
Уште 17 дена Зоран Заев е премиер, и никогаш повеќе. Завршува тажна и мачна епизода која ја преживува Република Македонија, од која мораме да извлечеме поуки и да станеме посилни.

И ова што сега го констатирам е заклучок од “Разговорите за Обнова на Македонија”, акција преку која поминавме низ секој град во земјава, дискутиравме за проблемите и баравме решенија. Овој напатен народ не е прашан, ниту слушнат од Власта, а проблеми има премногу.

Македонија стана држава во која владеат измами и рекети, се газат принципите, поразите како нација ни станаа секојдневие, а неправдата и криминалот силно ја гушат секоја пора преостаната слобода.

Премногу млади и добри луѓе ни ја напуштаат државата поради лошиот живот, а се покажа декапроблемите не познаваат ниту вера или нација, тие се заеднички.
Но, затоа и нашата грижа е заедничка, Македонија има надеж.

ВМРО-ДПМНЕ цврсто верува дека заедно, еден до друг, сложно ќе донесеме Правда, Победа, Промени, Принципи, а сето ова ќе значи Обнова на Македонија.
Ве поканувам во Сабота, на 21 декември, со почеток во 14:00 часот, во салата Јане Сандански на Собир со една порака: ОБНОВАТА ДОАЃА! Да ги кажеме нашите ВРЕДНОСТИ и ВИЗИЈА! Затоа што ја сакаме Македонија, затоа што веруваме и се бориме за заедничката иднина. И затоа што ќе победиме заедно!, напиша Игор Јанушев на фејсбук.