Собранието ја продолжува расправата за изборот на Кацарска за Уставниот суд

39

Собранието денеска ќе ја продолжи расправата за предлогот Добрила Кацарска да биде избрана за судија на Уставниот суд. Вчерашната расправа беше прекината некаде пред 18 часот. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, обвинија дека овој предлог бил „награда од Зоран Заев за Кацарска.“ и обвинија дека „ова е уште еден доказ“ оти продолжува мешањето на извршната во судската власт и дека премиерот Зоран Заев „продолжува да ги наградува успешните судии.“

Кацарска е судијка во Основниот кривичен суд Скопје од 1986 година. Ги судела предметите „Тенк”, „Триста”, „Транспортер”, „Поткуп” и „Организиран напад на Собранието на 27 април 2017 година”. Уставниот суд го сочинуваат девет судии. Претседателот го избира Судот од редот на судиите за време од три години, без право на повторен избор. Судиите на Уставниот суд се избираат од редот на истакнати правници.