Собранието ќе расправа за францускиот предлог – во посета претседателката на ЕК, Фон Дер Лајен

8

Денеска пратениците во Собранието ќе расправаат за францускиот предлог.

Пред почетокот на оваа собраниска седница, ќе се обрати и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера на протест пред Владата истакна дека нема да прифатат промена на Уставот.

„Еве јас најодговорно ви тврдам дека ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за измените на Уставот, а нема да гласа мислам ниту пратениците од СДСМ откако ќе го видат Протоколот кој ќе го потпише Бујар Османи. Затоа што тој е толку лош, што мислам дека дури некои од тие или пак можеби сум преголем оптимист па не знам што да кажам, но дури се уште верувам дека кај некои од пратениците од СДСМ постои малку македонско затоа што кога ќе го прочитаат предлогот односно протоколот којшто ќе го потпише Бујар Османи ќе се предомислат и ќе се проколнуваат самите себеси затоа што и воопшто дозволиле да гласаат за ова што се нарекува последен модифициран предлог“, рече Мицкоски.

Вратете го видот на која било возраст со овој метод…
Власта пак останува на ставот дека францускиот предлог е добар и дека треба да се прифати за симнување на бугарското вето деблокирање на процесот на евроинтеграциите на земјава.

Вицепремиерот Артан Груби на прошталната средба со амбасадорот на Унгарија, Ласло Иштван Дукс, истакнал дека европскиот предлог не го загрозува македонскиот јазик и идентитет.