Собранието ќе штанца закони?

3

На две недели пред крајот на календарската година и изборот на техничка Влада, Собранието го забрза темпото на работа.

Опозицијата обвинува дека во пресрет на предвремените избори, владеачкото мнозинство има намера без расправа и без консултации со стручната јавност, „да штанца“ закони.

Посочуваат дека во последните 14 дена се пристигнати 123 закони, голем дел по скратена постапка.

Еден од начините да се укаже дека пристапот е погрешен, велат од ВМРО ДПМНЕ е – поднесувањето амандмани.

СДСМ ја повика опозицијата да престане со деструктивното однесување. Очекуваат сите пратеници да го поддржат законот за одбрана, Изборниот законик и другите закони, како што се намалувањето на казните за прекршоци.

И претставниците на помалите партии повикуваат на разум и на повлекување на амандманите за нивниот предлог за една изборна единица и отворени листи.

Неделава во Комисијата за политички систем ќе почне расправата за двете измени на Изборниот законик. Неизвесно е кога ќе заврши, со пет илјади амандмани од ДУИ и илјада и 200 од ВМРО ДПМНЕ.

Блокирани се и законите за Академија за судии и за службите во СЈО, бидејќи и за нив има неколку илјади амандмани од опозициската партија.