Советник во МВР нападнал началник од СВР Тетово

11

Вработен во МВР, на позиција советник, попладнево го нападнал началникот на Единицата за безбедност на сообраќај во Тетово, јавуваат очевидци од Тетово. Од МВР за “Фокус” потврдуваат дека е регистриран инцидент и дека се постапува.

-Денеска (15 јули) во 15 часот и 55 минути пријавен е инцидент на улица „120“ во близина со крстосницата со улицата „Борис Кидрич“ во Тетово. Информиран е одделот за внатрешна контрола и се работи на расчистување на случајот, велат од МВР.