Советот за безбедност утре ќе расправа за состојбата со Ковид-19

25

Советот за безбедност на Република Северна Македонија утре со почеток во 11:00 часот во претседателската „Вила Водно“ ќе одржи седница за актуелната ситуација со пандемијата на Ковид-19.

На седницата, како што соопшти кабинетот на претседателот, покрај редовните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува министерот за здравство Венко Филипче.

На деветтата седница на Советот за безбедност ќе се разговара за актуелната ситуација со пандемијата на Ковид-19 на територијата на Република Северна Македонија и мерките и активностите на надлежните институции.