Солскјер не е задоволен: Можеше да биде 8-6 за Рома

5

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер е среќен што неговиот тим се пласираше во финалето на Лигата на Европа, но исто така и разочаран што „црвените ѓаволи“ беа поразени од Рома на реваншот.

Јунајтед загуби во Рим со 3-2, сепак, но тоа не влијаеше на конечниот исход бидејќи го добија првиот натпревар во Англија со 6-2.

„Се чувствувам добро кога сум во финалето. Одигравме добро полувреме на „Олд Трафорд“ и тоа нè однесе понатаму. Разочаран сум што загубивме во Тим, особено од тоа како игравме во второто полувреме. Лесно можеше да биде 8-6 за Рома! Беше чудна игра, постојано им дававме топка, но за среќа го имаме еден од најдобрите голмани во светот. Ние сме во финалето и сите едвај го чекаме 26 мај“, рече Солскјер.

„Црвените ѓаволи“ ќе играат против Вилјареал за трофејот во Лигата на Европа, откако „жолтата подморница“ го порази Арсенал во полуфиналната пресметка.