Солскјер одговари на шпекулациите за Санчо

23

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, инсистираше на тоа дека не сака да зборува за другите клупски играчи, како одговор на прашањата за неодамнешните шпекулации за Џејдон Санчо.

Џејдон Санчо ова лето стана приоритет број еден за тренерот Солскјер, бидејќи Манчестер Јунајтед и Борусија Дортмунд преговараат за неговата иднина во последните неколку недели. Сепак, Дортмунд го постави 10 август како краен рок за Манчестер Јунајтед да го комплетира трансферот на 20-годишниот играч, откако германскиот гигант на овој датум го започна предсезонскиот камп во Швајцарија.

Санчо беше дел од составот на Лусиен Фавре кој отпатува во Швајцарија на претсезонските подготовки и откако не беше постигнат договор меѓу двата клуба, спортскиот директор Мајкл Зорк во понеделникот посочи дека надежите на Јунајтед за трансфер на Санчо завршиле.

„Не можам да коментирам за играчи од други клубови, не можам да го сторам тоа. Знаете, јас никогаш не го правам тоа“, рече Солскјер на прашањето за шпекулациите за Санчо.

Сепак, многу британски медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед нема да се предаде за трансфер на англискиот талент, и покрај тоа што е иритиран од бавноста со која се одвиваат преговорите, кои, по барање на Дортмунд, управуваат од независен агент.

Санчо е, исто така, наводно заинтересиран за трансфер на „Олд Трафорд“ и најголемите европски медиуми известуваат дека трансферот помеѓу играчот и „црвените ѓаволи“, има само една пречка а тоа е договор меѓу англискиот клуб и германскиот клуб.