Сопругата на Дани Алвеш со поддршка за фудбалерот по обвинувањата за сексуално вознемирување

8

Шпанската манекенка Џоана Санз, која е сопруга на бразилскиот дефанзивец Дани Алвеш, го поддржа својот сопруг по обвинувањата за сексуално вознемирување против него.

– Се вративме во Барселона на 30 декември и Дани реши да се сретне со некои пријатели за да го оттргне умот од Светското првенство. Танцуваше и уживаше во музиката. Нема ништо лошо. Многупати видов жени како му приоѓаат на мојот сопруг и се обидуваа да му понудат нешто пред моите очи. Ако го прават ова пред мене, се плашам да замислам што се случува кога не сум наоколу. Знам кој е мојот сопруг и знам како го запознав. Знам колку ги почитува сите, ја цитира Санс „Антена 3“.

Како што објави „Л’Екип“, една жена го обвини 39-годишниот Бразилец дека играчот и ја ставил раката во долната облека. Жената веќе го поминала лекарскиот преглед.

Каталонскиот суд започна истрага против Алвеш по пријавата за сексуален напад

Алвеш во моментов е дефанзивец на мексиканскиот „Пумас“. На Светското првенство во Катар, фудбалерот учествуваше на два натпревари како дел од репрезентацијата на Бразил.