Сопругот на лекарката што ѝ даде боледување на Катица Јанева добил 25.000 евра

92

Методи Цилков, сопругот на директорката на психијатриската болница во Негорци, Љуба Цилкова, која на шефицата на СЈО Катица Јанева и издаде боледување во јули годинава, за 3 години добил 25.000 евра од СЈО, објави А1.Он.

Цилков бил вработен во СЈО од мај 2016-та година во приемното одделение.

Како што дознава А1.Он, последните пари на Цилков му биле исплатени на 2 септември годинава.

Јанева отвори боледување во истиот ден кога најави оставка на функцијата и кога беа уапсени Бојан Јовановски и Зоки Милевски за истрагата „Рекет“. И Цилков и Јанева се по потекло од Гевгелија. Јанева и на личниот шофер му доделила 30 илјади евра за надоместоци.

Јанева на обвинителите им исплаќала додатоци за доверливост, покрај додатоците и основната плата.