Состанок на општинскиот кризен штаб во Битола по земјотресот

1

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, за денес во 11 часот, закажа состанок на општинскиот кризен штаб во проширен состав.

На состанокот главниот акцент ќе биде ставен на две точки:

Првата, состојбата во Битола после вчерашните серија земјотреси и

Втора точка, состојбата со Ковид-19 во Битола.

На состанокот ќе бидат разгледани и дополнителните мерки кои може да бидат преземени од страна на штабот за заштита и спасување на Општина Битола по однос на наведените две точки.

Дел од медиумите јавуваат дека земјотресот срушил една постара куќа во Генимаале во Битола.

Серија земјотреси го погодија подрачјето околу македонско-грчката граница синоќа, од кои најсилниот беше 5,5 степени според Рихтер, а се почувствува во северниот дел на грција, западна Македонија, се до Скопје.