Социјалдемократи од Северна Македонија би можело да биде новото име на СДСМ

40

Премиерот Зоран Заев најави дека наскоро и неговата партија СДСМ ќе го смени името, согласно Преспанскиот договор, кој налага сите оние што се финансираат од државата да го користат новото име. Тоа досега, рече лидерот на социјалдемократите, не е направено бидејќи името на партија може да се смени само на конгрес.

Според неговите најави, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија би можел да се преименува во Социјалдемократи од Северна Македонија, со што би се задржала кратенката СДСМ.

„На следните конгреси. Ние тоа не можеме да го направиме на Извршен или Централен одбор, тоа го прави конгресот на партијата. Откако се случија уставните промени, сме одржале само еден конгрес, и тоа онлајн. Верувам дека во периодот пред нас ќе постапиме согласно Преспанскиот договор и во СДСМ. Дури дадовме информација во делот на новото име СДСМ – Социјалдемократи од Северна Македонија. Има и други идеи, ние отворено и транспарентно ја отворивме дебата заради тоа што апелираме до сите да постапуваат согласно Уставот и законите и ние секако треба да бидеме пример за тоа“, изјави Заев.