Сојузот на средношколци: Или комбинирана настава, или бојкот во ноември

144

Бленди Ходаи претседателот на Сојузот на средношколци најави бојкот на наставата доколу во месец октомври остане стабилна епидемиолошката состојба, а надлежните институции не дозволат комбинирана настава.

„Во случај тоа да не се случи, секој ученик ќе ја бојкотира наставата во ноември. Ова не треба да се сфати како компромис, туку како ултиматум од еден месец до министерката Царовска и министерот Филипче“, истакна Ходаи.

Ходаи рече дека голем дел од барањата на средношколците биле прифатени од институциите, меѓу кои и учебната година да почне од 1 октомври, праксата да се одвива со физичко присуство, а домовите да профункционираат со половина од капацитетите. Но, нивното главно барање за комбиниран модел на настава, онлајн и со физичко присуство, беше одбиено. Се согласиле со онлајн настава во октомври, но не се откажуваат од комбинираниот модел.