Сојуз на средношколци: Продолжува бојкотот на настанавата на матурантите

18

Бојкотот на наставата на матурантите ќе продолжи и денеска, најавија од Сојузот на средношколци.

Над 70% од матурантите го бојкотирале стартот на второто полугодие поради револтот за државната матура.

– Нашите барања се разумни и поддржани од меѓународни примери и нема да се откажаме додека не ги оствариме, порачуваат средношколците, кои бараат наместо 4, да полагаат два предмети за државна матура.