СО ДВЕ ДОЗИ СИНОФАРМ ИЛИ СИНОВАК, БУСТЕР ФАЈЗЕР: Каде во ЕУ може да се патува со оваа комбинација

7

Правилата за влез често се менуваат, но според податоците достапни на веб-страницата на Министерството за надворешни работи, една земја од ЕУ моментално препознава комбинација од овие вакцини.

Во моментов, единствената земја од ЕУ во која може да се влезе ако сте примиле бустер доза Фајзер по првите две дози од вакцината Синофарм е Франција.

Инаку, во Франција е дозволен влез за лицата доколку се целосно вакцинирани со Фајзер, Модерна, АстраЗенека за кои е потребно е да поминат седум дена од втората доза и Џонсон и Џонсон (треба да поминат 28 дена од една примањето).

Меѓутоа, патниците кои примиле две дози од вакцината Синофарм или Синовак, проследена со трета доза од некоја вакцина мРНК (Фајзер или Модерна), исто така можат да влезат во земјата.