Со две средби стартуваше новата сезона во НБА, дербито на Лос Анџелес за Клиперси

26

По скоро тримесечна пауза најдобрите светски кошаркари се вратија во натпреварувачки ритам. Утринава во САД се одиграни првите две средби од најсилното светско кошаркарско првенство НБА лигата.

Во градското дерби во Лос Анџелес, Клиперси го изненадија шампионот Лејкерс, а Бруклин предводен од Дурент немаше беше подобар од Голден Стејт .

Во големото градско дреби одиграни во Стејпл Центарот Клиперси со 116-109 го порази бранителот на титулата Лејкерс. Тандемот Каваи Ленард и Пол Џорџ со заедничка реализација од 59 поени го водеше својот тим до триумфот на популарните „езерџии“ во чии редови потфрлија лидерите Леброн Џејмс и Ентони Дејвис.

Пол Џорџ со 33 постигнати кошеви беше најефикасниот поединец на дербито во Ел Еј.

Во премиерниот меч од новата сезона во НБА Кевин Дурент немаше милост кон својот поранешен клуб Голден Стејт.

Дурент го водеше Бруклин до убедлива победа над Вориорси од 126-99. Популарните Нетси доминираа во сите 48 минути од дуелот

Дурент по пауза од една ипол година поради тешката повреда покажа дека е желен за кошарка уште во првата четвртина, во воведните 10 минути Дурент постигна 10 поени, а мечот го заврши со 22 поени, одлично одигра и новата ѕвезда на тимот Кајра Ирвинг со 26 поени . Во редовите на поразениот Голден Стејт Стеф Кари уфрли 20 поени, а 19 постигна младиот Џејмс Ваизмен.