Со новата пратка вакцини „Спутник В“ ќе се вакцинираат вработени во МВР, Армијата, судовите, обвинителствата…

8

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска откако ја прими втората донација од Србија, пратка од 20.000 вакцини „Спутник В“, појасни дека со овие вакцини ќе се вакцинираат вработени во МВР, во Армијата, во јавниот транспорт.

-Со оваа вакцина ќе се вакцинираат вработени во МВР, делот од Армијата, судовите, обвинителството, патарините, царина, возачите во јавниот транспорт, новинарите, односно сите оние што се во голем ризик и се во поголема возрасна категорија, истакна министерот Филипче, додавајќи дека вакцинацијата ќе се врши во салата „Борис Трајковски“.