Со новиот буџет на ЕУ за периодот 2021-2027 година, проектирани околу 3 милијарди евра неповратни средства за Северна Македонија

41

Успешните политики на Владата предводена од СДСМ за изминатите три години и вистинскиот пат по кои ги води граѓаните и државата се потврдува во континуитет.
Насоченоста кон европската перспектива на државата и носењето на европските вредности во неа се препознаени како такви, а потврда за тоа е и вклученоста на земјава во седумгодишната финансиска рамка од страна на Европскиот совет насловена „Нова генерација ЕУ”.
Имено, во рамките на новиот буџет на ЕУ испрограмирани се и средствата за третата генерација на претпристапна помош ИПА 3 согласно која на Северна Македонија ќе и бидат достапни речиси 3 милијарди евра за овој седумгодишен период.
Овие неповратни средства нашата држава ќе ги добие како поддршка во грантови и проекти кои ќе го забрзаат нашиот економски развој и нашиот реформски капацитет.
Новата Влада предводна од СДСМ во периодот кој доаѓа овие средства и проекти треба да ги реализира во областа на транспортот и инфраструктурата, земјоделието, животната средина, економскиот развој, правдата и реформите за владеење на правото и други клучни области кои заеднички се идентификувани со европските партнери.
Овие средства се клучна алатка за поддршка на преговорите на Северна Македонија во наредниот седумгодишен период после кој очекуваме во европскиот буџет да бидеме проектирани веќе како држава членка на ЕУ.
Заедно со веќе доделената помош за справување со кризата од КОВИД-19 ова е значаен сигнал за нас како држава која веќе ги започнува преговорите со ЕУ.
Ова е голем успех кој ја демонстрира европската солидарност, способност за надминување на кризи и донесување на крупни стратегиски одлуки важни за цела Европа.
Само проевропска и реформска Влада предводена од СДСМ може, знае и умее да со максимален капацитет да ги искористи овие можности и да го скрати патот на Северна Македонија до членство во ЕУ.
Тоа го покажавме со членството во НАТО, ќе го постигнеме и со ЕУ.
СДСМ била и останува на страната на интересите на граѓаните и државата.