Со сведочење на бизнисменот Тодоровиќ се очекува да започне судењето „Рекет“

6

Како сведок треба да се појави Лидија Јаневска, која за вчерашното рочиште немала уредна достава на покана.

Во Кривичниот суд треба да продолжи судењето за случајот „Рекет”. Вчерашното рочиште беше одложено за денеска поради отсуство на поранешниот градоначалник на Општина Центар и бизнисмен Владимир Тодоровиќ кој треба да сведочи на предлог на одбраната на првообвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13.

Како сведок треба да се појави Лидија Јаневска, која за вчерашното рочиште немала уредна достава на покана.
Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Васка Николовска-Масевска, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.
Тодоровиќ е еден од 12-те предложени сведоци од обвинетиот Бојан Јовановски.
Судијката Васка Николовска-Масевска, информираше дека Судот го одбива барањето на обвинетиот Бојан Јовановски за укинување на мерката притвор.
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври лани поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски.
Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело” и за „примање награда за противзаконито влијание”. Второобвинетата Јанева се товари дека сторила кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување”.
На првото рочиште за „Рекет”, што се одржа на 3-ти декември минатата година, третообвинетиот Зоран Милевски-Кичеец призна вина за делото „примање награда за противзаконито влијание”, по што беше осуден на три години затвор.