Со 15.000.000 денари ќе се субвенционираат работниците со ниски приходи за да одат на одмор

27

Вкупно 15.000.000 денари од буџетот на Министерството за економија ќе одат на субвенции на годишните одмори на граѓаните со ниски приходи изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

– Претходната година имавме над 12.000.000 денари определени за оваа програма заедно со ваучерите кои ги доделивме за домашен туризам, а оваа година согласно буџетот на Министерството одлучивме да одиме со 15.000.000 денари за првиот дел на годината.До крајот на годината, ако се искористат сите пари ќе најдеме други можности и внатре во Министерството за економија, но и преку потенцијален ребаланс на Буџетот на државата да ги надополниме средствата доколку се реализираат 100 процентно – рече Бектеши.

Според него, лани се искористени 70 отсто од парите за субвенции за годишен одмор и за ваучери за домашен туризам.