Со 2 100 амандмани блокирани законите за покачување на платите во судството

4

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска

со 2 100 амандмани ги блокираше четирите закони со кои се бараше

покаченување на платите на судиите, јавните обвинители и судскиот и

обвинителскиот совет.

Четири закони беа на дневен ред на седница на Комисијата за политички

систем и односи меѓу заедниците, а откако беше констатирано дека за

секој од законите има поднесено по околу 500 амандамни, таа беше

прекината.

Дајанчо Ефтимов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција во

Собранието истакна дека во услови кога инфлацијата во државата е

на алармантно ниво, кога стопанствениците едвај даваат плати на своите

вработени, кога граѓаните едвај врзуваат крај со крај, новата Влада со

очигледно стари навики, не отстапува од намерата да ги зголеми платите

на судиите и обвинителите.

-За да биде појасно, пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата не

е против покачувањето на платите на судиите и јавните обвинители, но

како одговорни пратеници реагираме од принципилени причини бидејќи

токму покачувањето на платите во судството треба да биде последната, а

не првата мерка која што оваа Влада треба да ја направи, рече Ефтимов.

Претходно на Комисијата за политичким систем и пратениците од

владејачката коалиција и опозицијата ги поддржаа измените на Законот

за Собрание за изедначување на платите со минималната плата, како и

Законот за аменстија, со којшто ќе се одредат условни казни за лицата

кои беа казнети за врема на ковид пандемијата.

ВМРО-ДПМНЕ го поддржа законот, но според пратеникот Антонио Милошоски

тој од еден аспект е дискриминирачки бидејќи не ги опфаќа лицата кои

веќе платиле казна за прекршување на полицискиот час во ковид кризата.