Со 55 поени Харден му донесе победа на Хјустон над Кливленд

6

Хјустон го совлада Кливленд со 116:110 најмногу по заслуга на Џејмс Харден кој мечот го заврши со 55 поени.

На другите средби од НБА лигата играни ноќта среда кон четврток, Леброн Џејмс забележа нов трипл-дабл (25 поени, 11 скока и 10 асистенции) во триумфот на Лејкерс над Орландо, Клиперс го совлада Торонто благодарение на 23 поени на Каваи Ленард, додека Кемба Вокер ниту со 44 поени не го спаси Бостон од пораз на мечот со Индијана. Во дуелот на двете екипи со најслаб биланс досега, Њујорк беше поуспешен од Голден стејт по продолжение.

Постигнати резултати:

Кливленд – Хјустон 110:116

Индијана – Бостон 122:117

Орландо – ЛА лејкерс 87:96

Торонто – ЛА клиперс 92:112

Бруклин – Шарлот 108:113

Чикаго – Атланта 136:102

Минесота – Јута 116:127

Милвоки – Њу Орлеанс 127:112

Сакраменто – Оклахома 94:93

Голден стејт – Њујорк 122:124 (по продолжение).