Спалети откри зошто се фрлил на теренот, причината е Елиф Елмас, му ветил (ВИДЕО)

13

Тренерот на Наполи, Лучиано Спалети има само пофални зборови за македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, кој синоќа на мечот со Лестер постигна два гола во победата од 3:2, со која италијанскиот тим обезбеди пласман во нокаут фазата од ЛЕ.

– Елмас е нешто неверојатно, тој е беспрекорно момче. Каде и да го ставите во тимот тој повторно ќе ви врати со најдобра игра, вели Спалети.

Тренерот на Наполи, воедно откри интересен момент од соблекувалната, односно зошто се фрлил на теренот по последниот свиреж на судијата и крајот на мечот. Причината е Елиф Елмас.

-Елмас беше нервозен на полувремето поради нешто не го направил како што сакал, па морав нешто да му ветам. Му кажав ако дадеш втор гол, ќе се фрлам на теренот. Морав да сочекам да заврши мечот за да тоа го направам, -истакна Спалети.