Спасовски во Куманово: Вложуваме во капитални проекти за сите граѓани, не правиме поделби

Оливер Спасовски, носителот во втората изборна единица од СДСМ и коалицијата „Можеме“ на средбите со жители на Куманово зборуваше за иднината на македонска економија

11

Во месната заедница Гоце Делчев, Спасовски зборуваше за вложеното во инфраструктурата во неговата изборна единица во изминатите три години.

„Во патната инфраструктура во изборната единица 2 со поддршка на централната власт се реализирани 8 проекти во должина од 101.90 километри со вкупна вредност од 12.251.707 евра, за патиштата: Опае – Белаковце – Станчиќ; Куманово – Миладиновци; рехабилитација на регионалниот пат: Куманово – Свети Николе со поддршка од Светска Банка; патот Куманово – Свети Николе со поддршка од ЕБОР; за реконструкција на регионален пат Куманово – Опае; за рехабилитација на регионален пат Куманово – Никуштак; Куманово – Пелинце; Пелинце – ГП Пелинце“, нагласи Спасовски.

Додаде и дека со поддршка од локалната власт вложено е во 16 завршени проекти патна инфрастуктура, а 24 проекти се во тек.

„Реализирани се и два проекта за водовод и канализација, со поддршка од централната власт, во вкупна вредност од 1.009.524 евра за изградба на фекален колектор во Речица и за реконструкција, употреба и одржување на дел од водоснабдителен систем на Куманово“, рече Спасовски.

Тој додаде дека и во време на здравствено-економската ситуација не е запрен ниту еден капитален проект и дека инвестициите ќе продолжат затоа што коалицијата „Можеме“ има за цел постигнување повисок животен стандард.