Спасовски: Во маркет се задржуваме подолго отколку на гласачко место

17

Премиерот посочи дека за првпат организираме избори како земја членка на НАТО и како земја кандидат за членство во ЕУ.

Од денеска започнува кампањата за предвремените парламентарни избори, кои ќе бидат запаметени по тоа што ќе се одржат во услови на пандемија, рече премиерот Оливер Спасовски на денешната прес-конференција.

Тој додаде дека одењето на гласање не ги изложува гласачите на ризик доколку се почиуваат мерките за заштита од ковид-19.

– Ќе биде запишано дека изборите се организирани и спроведени со максимлана заштита по здравјето на граѓаните, во фер и демократска атмосфера. Нашата држава се наоѓа во значаен период кога се очекува непречено функционирање на сите институции. Изборите се решение за да излеземе успешно од оваа здравствна и социјална криза. На сите нас потребно ни е ново Собрание и политичка Влада. Институциите покажаа капацитет да се справуваат со коронавирусот, но следната фаза мора да биде спроведување избори со максимална заштита на сите учесници. На 15 јули граѓаните ќе го искористат правото на глас, ќе обезбедат функционални и легитимни институции. Во тек се сите активности да се обезбедат услови за безбедна кампања. Се повикувам на епидемиоолозите кои потенцираат дека одењето на гласњање не ги изложува гласачите на ризик доколку се почитуваат мерките. На гласачките места се задржуваме од 3 до 5 минути, а тоа е помалку од нашето одење во маркет или на пазар. Потребно е да ги носиме маските и да одржуваме дистанца – рече Спасовски.

Премиерот посочи дека за првпат организираме избори како земја членка на НАТО и како земја кандидат за членство во ЕУ.

– Тоа е уште една обврска и мотивација за посебен ангажман за спроведување на изборите по сите европски стандарди. Организирањето фер и демократски избори е врвен приоритет, па затоа секое кршење на ова право ќе биде санкционирано. Секое кршење на мерките за заштита од корона ќе биде казнето. Секоја злоупотреба на државен ресурс за партиски цели ќе биде најстрого санкционирана. Оваа порака ја упатувам најмногу до функционирте и до сите оние кои имаат пристап до државните ресурси – истакна Спасовски.