Спасовски в понеделник ќе му ја врати премиерската палка на Заев, а тој се враќа во МВР

31

Јавното здравје е заштитено, економијата зачувана, евроатлантските перспекти остварени, изборите успешно спроведени. Со мене ќе понесам многу драгоцени искуства од работењето на оваа Влада, со неочекувано долг мандат, рече досегашниот технички премиер на завршнат прес-конференција на „Илинденска“
Оливер Спасовски, кој на 3 јануари годинава беше избран за технички премиер, со намера да остане на функцијатаоколу 150 дена, дури сега, речиси девет месеци подоцна, ги брои последните денови во премиерскиот кабинет.

Се очекува в понеделник, Спасовски да му ја врати премиерската палка на Зоран Заев, чиј нов кабинет треба да биде избран в недела на полноќ, а каде што за досегашниот технички премиер и потпретседател на СДСМ е резервирано повторно челното место во МВР.

Спасовски ја одржа денеска во Владата последената прес-конференција како премиер, при што оцени дека неговиот кабиндет, кој имашенеочекувано долг мандат постигналмногу успеси,во услови на светска криза поради пандемијата на коронавирусот.

„Јавното здравје е заштитено, економијата зачувана, евроатлантските перспекти остварени, изборите успешно спроведени. Со мене ќе понесам многу драгоцени искустваод работењето на оваа Влада, со неочекувано подолг мандат“, рече Спасовски.

Владата, која беше избрана со мандат да ги спроведе предвремените парламентарни избори, неочекувано се најде во вителот на пандемијата со ковид – 19,така што беше приморана да се справува со последиците од здравствената и економска криза. Спасовски денеска им се заблагодари на сите здравствени работници, на администрацијата, на војската и полицијата, на меѓународните партнери и на земјите од регионот … за соработката, поддршката и пожртвуваноста во битката со епидемијата.

„Почетоците на пандемијата бараа храбри, брзи и мурди одлуки. Успеавме да ја повратиме довербата во институциите. Се донесоа три сета мерки за поддршка на граѓаните и фирмите. Веќе се подготвува и четвртиот пакет, со кој ќе биде проширен опфатот на граѓани и бизниси што ќе добијат поддршка од државата“,рече Спасовски.

Но имаше и светли моменти во мандатот на техичката влада на Спасовски. Во екот на пандемијата, Северна Македонија стана полноправна членка на НАТО и стигна одлуката за почеток на преговорите со ЕУ.

Пендаровски очекува новата влада целосно да ја спроведе ЕУ-агендата во клучните области

„Овозможивме одржливост на реформскиот процес и ги оправдавме очекувањата на нашите парнери од меѓународната заедница. Посветено работевме на меѓународен план, во услови кога таква посветеност беше нреопходна и за заштита на јавното здравје. Во услови на светска криза организиравме избори во фер и демократска атмосфера. Но вистински ќе можеме да се израдуваме на постигнатите успеси кога ќе заврши оваа пандемија“, нагласи досегашниот премиер.

Тој рече дека во претстојниот период правосудството мора да се реформира и да добијат завршница случаите од висок профил накорупција. За опозицијата, исто така, рече дека треба да собере сили да се реформира и да се вклучи во процесите за добро на државата.