Спасовски и Агелер ќе продолжат да работат на интензивирање на соработката меѓу МВР и Владата на САД

6

 

Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија Оливер Спасовски денеска оствари работна средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер.

Тој и посакал добредојде на амбасадорката Агелер, успех на функцијата и изразил благодарност за поддршката што Владата на Соединетите Американски Држави години наназад и ја дава на Република Северна Македонија, конкретно на Министерството за внатрешни работи во јакнење на капацитетите и сите процеси кои се спроведуваат преку проектите наменети за полицијата.

– Како приоритети и цели на кои Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија е целосно фокусирано изминатиов период и во периодот што следи, министерот Спасовски ги посочи: борбата против организираниот криминал и корупција, компјутерскиот криминали, миграцијата и борба против тероризмот. Сите овие поставени цели на ниво на МВР успешно се спроведуваат и реализираат, а резултатите постигнати на тој план се на високо професионално ниво, соопштија денеска од МВР.

Министерот Спасовски и амбасадорката Агелер заеднички констатирале дека и во наредниов период ќе продолжат да работат на интензивирање на соработката меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и Владата на САД преку Амбасадата на САД во Скопје.