Спасовски и денеска со апел за мирен протест

22

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, и денеска апелира за мирен протест пред Собранието.

-Доколку сакате да го изразите своето демократско право на јавен собир (протест) апелирам истото да го сторите на достоинствен и мирен протест. Притоа, полициските службеници ќе бидат на должност исклучиво за обезбедување на граѓаните и на виталните државни објекти, а со цел избегнување на немили настани.

Уште еднаш, повикувам на одговорно однесување во клучен момент за демократијата. Без обиди за насилство, без креирање тензии и без говор на омраза.

Очекувам редот и поредокот да бидат максимално испочитувани, во духот на европските вредности кои сакаме да ги интегрираме во нашето општество и кои претставуваат двигател за напредок за сите граѓани.

Бидете уверени, ова раководоство на Министерството за внатрешни работи и македонската полиција остануваат посветени на гарантирањето на демократските процеси и на одржувањето на редот, мирот и стабилноста, вели Спасовски.