Спасовски: Нема одлука за нови ограничувања на движењето

6

Нема одлуки за нови рестрикции на движење на граѓаните по вчерашното воведување на вонредната состојба во нашата земја, рече на денешната прес конференција техничкиот премиер, Оливер Спасовски.

Тој додаде дека мерките за ограничување на движењето останува во сила во Дебар и Центар Жупа.

Спасовски апелираше да се почитуваат веќе донесените владини мерки за превенција од ширењето на коронавирусот, додавајќи дека за сите нови одлуку граѓаните ќе бидат информирани на дневна основа.