Спасовски: Од септември до денес запленивме над 550 килограми марихуана

29

„Зголемена е ефикасноста на полицијата. Од септември до денес имаме голема ефикасност, активираме неколку акции. Се случува трговија со марихуана, имаме заплена во Јосифово, во Крушево, последните 20 дена пресековме два меѓународни шверц канали. Од септември до денеска запленивме над 550 килограми марихуана, запленивме и 100 килограми хашиш, во Сингелиќ 4.5 килограми хероин, 1 килограм кокаин. Ќе продолжиме со оваа сериозна неселективна борба. Даваме податоци колку дрога е запленета, повеќе од 300 килограми од дрогата е најдена во Арачиново, но останатата дрога не е пронајдена, истрагата е во тек. Има индиции дрогата да е и надвор од државава. Имаме сериозни докази за дрогата од Јосифово, 6 кривични пријави има за тој настан. Во оваа држава мора да се стави до знаење дека секој мора да си одговара, нема врски ниту партиски ниту роднински“ – вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во Студио 10 на ТВ24.